октомври 28, 2019

Битола/Охрид, 28. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Членовите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид нуркаа во Големо езеро на Пелистер.

За ова нуркање е потребно посебен режим на нуркање за кој профилот за нуркање го изработи Јован Секулоски, SSI AI Trainer.

Image may contain: outdoor, nature and water

Image may contain: outdoor

No photo description available.

Image may contain: water

Image may contain: food

Image may contain: swimming, water and outdoor

No photo description available.

Големото езеро спаѓа во леднички езера. Во најголем водостој езерото е долго 233 метри, широко 196 метри, а најголемата длабочина изнесува 14,5 метри. Поради присуство на планктон видливоста е ограничена. Под вода можат да се забележат воени ашовчиња, гранати, рачни бомби, цевки од пушки и пастрмки кои преживуваат и во најекстремни услови кога езерото замрзнува. Во одлична организација на Планинарскиот дом „Димитар Илиевски-Мурато“ и Националниот парк „Пелистер“ експедицијата се реализира успешно, информираат од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид . (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Нуркачки центар „Амфора“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука