Охрид, 4. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се работи за санација на помошните објекти односно „магаза“ на комплексот Робевци, согласно одобрената Годишната програма од страна на Министерството за култура за реализација на проекти од заштитата, информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.
– Се отпочна со реконструкција и адаптација на помошниот објект до Магаза која е во склоп на музејскиот комплекс „Куќата на Робевци“. Предвидени се одредени итервенции и отпочнато е со промена на кровот и кровниот покривач, промена на оштетените греди и нивно појачување, исто така се постави нов под од гранитни плочи. На објектот ќе се работи и наредниот приод односно ќе бидат санирани внатрешните ѕидни платна како и промена на надворешнта столарија и освежување на фасадата во бела боја, потенцираат од Заводот.
Додаваат дека сите овие зафати ќе бидат реализирани во најкраток можен рок, во насока на подобрување на функционалоста на помошниот објект кој служеше за депо на археолошки наоди. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес