Охрид, 1. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Објавена програмата за традиционалната манифестација Прличеви беседи.
Настаните ќе се одржуваат во понеделник, 5-ти февруари во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Од 12:45 часот во изложбениот салон ќе биде отворена изложбата на ликовни дела од македонски ликовни уметници.
Во рамки на програмата, од 13:00 часот предвидена е свеченост посветена на лауреатот, добитникот на наградата за најдобра поема за 2017 година, доц.д-р Гордана Стојаноска.
Свои настапи ќе имаат ученици од од ОМУ „Методи Патче“ – Стефан Петрески – гитара, Христијана Матеска – хармоника.
Свои обраќања ќе имаат директорот на Центарот за култура, Стрезо Стаматоски, како и претставник на општина Охрид.
Артистичка изведба на наградената поема „Клучевите” ќе имаат актерите Адријана Тодороска и Павел Маслов, по што на Стојаноска ќе и биде врачена Повелбата за најдобра поема.
За вторник, 6-ти февруари предвидени се следните настани:
10:00 часот
• Панихида и полагање цвеќе на гробот на Григор Прличев
Место : Гробот на Григор Прличев
11:00 часот
• Полагање цвеќе пред спомен – обележјето на Григор Прличев
Место: Училиштен двор на ОУ „Григор Прличев“
11:30 часот
• Полагање цвеќе пред спомен – обележјето на Григор Прличев
Место: НУ Библиотека „Григор Прличев“
12:00 часот
• Срихови и звуци за Прличев
-Обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, д-р Јован Стојаноски;
– Беседа за Прличев: проф. д-р Виолета Пирузе – Тасевска;
-Културно – уметничка програма.
Место : Спомен- куќа на Григор Прличев
13:00 часот
• Промоција на книгата “ Сага за Охрид”од Валентина Неловска
Промотори : проф. д-р Павле Митрески и м-р Милчо Јованоски
• Традиционална Охридска визита
Место: НУ Библиотека „Григор Прличев “
19:00 часот
• Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“
Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – голема сала (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива