Скопје/Охрид, 20. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако Република Македонија се соочи со пожари од огромни размери, деновиве во јавноста се поактуелни се тврдењата дека шумите намерно се палат со лантерни, или познати помеѓу народот како огнени балони.
На социјалните мрежи се објавуваат видео снимки со огнени балони во охридско, во битолско, во демирхисарско, а граѓаните стравуваат од нови пожари, јави Фокус.
Во демирхисарско жителите на село Вирово откако забележале огнен балон и неуспешно се обидувале да го соборат, случајот го пријавиле во МВР. Балонот одлетал кон шумата над селото, а од МВР информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Огнените балони не се нешто ново во Македонија, и со години наназад можат да се купатво маркети, па дури и во продавници за детски играчки. Цената, во зависност од големината и формата им се движи од 70 денари, па се до околу 300 денари за поголемите.
Доаѓаат во облик на срце, топка, цилиндар…
Нивната продажба е легална, а се продаваат и online.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: Фокус/Вики Клинчарова фото: Фокус