Охрид, 29. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Групата Д.Н.О. го објави новиот албум насловен „Вистински“, нивниот долгочекуван проект.
Членови на Д.Н.О. се Владимир Поп Христов, Бодин Попов, Петар Лукиќ, Филип Попов и Гордан Попов. Нивната музика обично комбинира различни жанрови, вплетени во оригинални мелодии и текстови кои понекогаш носат длабоки пораки.
Албумот е сниман во студиото „СтудиоСпалнаСобаРекордингс“ и „Алшар“, во периодот од 2021 до 2024 година. Достапен е на сите поголеми дигитални музички платформи, што ќе им овозможи на обожавателите од цел свет да го слушаат и да уживаат во новиот материјал на групата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 50