Охрид, 2. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми минатиот месец, во Скопје се одржа натпреварот Spelling Bee на државно ниво организиран од страна на Мировниот корпус.
– На натпреварот по одржаните регионални натпревари пласман обезбедија тројца ученици од прва година од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и тоа: Никола Здравески, Михаил Талев и Марино Јакимоски под менторство на проф. Даниела Спироска. Никола Здравески го освои второто место во конкуренција од 35 ученици на државно ниво, а и останатите ученици постигнаа завидни резултати, Марино Јакимоски четврто и Михаил Талев шесто место. Никола Здравески е поканет на свеченото доделување на наградите кое ќе се одржи на 14-ти мај, информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОСУ „Св. Климент Охридски“