Охрид, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Покрај хотелите и рестораните и охридските кафулиња со организирани забави се приклучуваат во одбележувањето на 8 март.
Во Mr.I вечерва од 21 часот ќе настапи Анита Мицова. Оттаму ветуваат супер забава со одлична музика, во опуштена атмосфера.
Нашиот сограѓанин Ѓоко Танески ќе ја загрева празничната атмосфера во Cuba Libre Beach. Почетокот е во 22 часот.
Во кафе барот Liquid гостува кавадарчанката Наташа Малинкова. За припадничките на понежниот пол до 23 часот ќе следуваат гратис коктели.
Денот на жената со журка ќе биде прославен и во Terazza Aquarius. За одличната забава ќе се погрижат Камелеон Банд. Почетокот е во 22 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22