Охрид, 1. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Националната Установа библиотека „Григор Прличев“ од Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови за месец ноември.
Читателите ќе можат да одберат од следните наслови на нови книги: „Лавиринт на духовите 2“ од Карлос Руиз Зафон, „Изгубени во љубовта“ од Тарин Фишер, „Мојата продавница за кучиња“ од Јарослав Хашек, „Одминато време“ од Наум Трајчески, „Во Исусовите години“ од Данило Јокановиќ и „Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ од Дуња Иванова, информираат од библиотеката.
Издавањето на книги во библиотеката е секој работен ден во периодот од 08:00 до 18:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19