декември 27, 2023

Охрид, 27. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Народен театар вечерва гостува во Кичево со комедијата „Несфатената цивилизација“, во режија на Софија Ристевска Петрушева.

– Станува збор за претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во гротеска и иронија, која прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, информираат од Народен Театар Охрид.

Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Претставата ќе се игра во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево со почеток во 19:30 часот. Билетите се продаваат по цена од 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука