март 7, 2020

Охрид, 7. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Согласно препораките на Владата на Република Македонија за справување со Корона вирусот, спортските настани кои ќе се играат денес ќе се одржат пред празни трибини.

– Ве известуваме дека натпреварот помеѓу ГФК „Охрид Лихнидос“ и ФК „Вардар Форино“ во рамките од 16-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе се одигра пред празни трибини согласно препораките на Владата и одлуката на ФФМ. Мечот започнува во 14:00 часот, информираат од ГФК „Охрид Лихнидос“.

Одлуката важи и за ракометното езерско дерби помеѓу Охрид и Струга, кое ќе се игра вечерва од 19:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“.

Гледачите ќе можат езерското дерби да го гледаат на локалната ТвМ телевизија и на официјалниот фб профил на ГРК „Охрид“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука