ноември 28, 2023

Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Христијан Попстефанија во популарната Facebook група „Охрид, Охрид убав мил“ објави прекрасна фотографија, која одлично ја отсликува моќта и убавината на Охридското Езеро.

Фотографијата го прикажува потегот пред охридската Капетанија и високите бранови кои го покриваат патот и паркираните возила.

Во преубавиот Охрид денеска врне дожд скоро во текот на целиот ден.

Според метеоролозите, во Охрид денес не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Денес времето ќе биде облачно на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Слаби врнежи ќе има и утре, а во четврток ќе има појава на магла по котлините, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: Христијан Попстефанија

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука