февруари 2, 2022

Охрид, 2. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Додека во јануари се одржуваше околу просекот, нивото на Охридското Езеро сега е далеку под февруарскиот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,33 м.н.в, што е за 16 сантриметри под просекот за февруари (693,49 м.н.в), односно 23 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 5,5 степени, за степен пониска од месечниот просек.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерствоза землоделство, шумарствои водостопанство -управа хидрометеоролошки работи- (споредба дневна хидролошка информацира3 реките природните претходниот ден очекувана енденција водостои 02.02.2022 cm измерени наредниот ден) 01.02.22 легуновце вардар CKoпJE вардар 02.02.22 64 03.02.22 февруари 86 94 пчина 16 27 26 18 28 = берово- брегалница 41 59 90 нд 86 струмица нд 88 ложани- = 107 81 120 табела водостои прикажани MHM преспа 30 нд 07:30 часот 146.94 ез.охрид табела 693.3 144.08 693.33 вода = во 07:30 охрид 3.преспа охрид 3.0 5.5 693.49 3.0 5.5 преспанско зеро XC "наколец" нд 6.5 под апсолутен минимум одобрил:в мнм). меренена в.д директор, агим муртезани“

Во Охрид денес променливо облачно и студено време со сончеви периоди.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 4. степени.

– Во четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег и ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука