Охрид, 24. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е на два сантиметри под просекот за овој период од годината (693,38 м.н.в).
Иако само еден ден беше и на минус три сантимери, изминатите седум дена го одржува нивото од 693,36 м.н.в, колку што се измерени и денес, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Со оваа кота е за 26 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е во рамки на просекот и изнесува 7. степени.
Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до -2. степени.
– Продолжува периодот на студено време со умерен до засилен северен ветер. До среда утринските температури ќе бидат многу ниски и на многу места ќе се спуштат до околу -10 степени, а дневните од средината на неделата ќе бидат во пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР