Поградец, 2. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро од албанска страна годинава е порибено со 1,5 милиони парчиња подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка.
Албанските медиуми јавуваат дека бројката се зголемува од година во година, во насока на подобрување на локалната економија, која во голема мерка се базира на туризмот и продажбата на риба во регионот на Поградец.
Првиот човек на Поградец Ilir Xhakolli истакнал дека се преземаат бројни мерки за заштита на рибниот фонд и дека од идната година во селото Лин планираат да направат посебна манифестација наречена „Празник на пастрмката“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23