Охрид, 16. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид деновиве е домаќин на првиот летен едукативен камп по физика со ученици од осмо и деветто одделение од целата држава, кои претходно учествувале на натпреварите по физика.
Учесниците имаат можност да изведуваат експерименти, да истражуваат, да решаваат проблемски задачи, да го набљудуваат ноќното небо со телескоп, да спортуваат, пливаат и другаруваат.
Организаторите, Друштвото на физичари на Република Македонија, велат дека на кампот преовладува работна и пријатна атмосфера, учениците работат во групи и индивидуално, ги презентираат резултатите од нивните мерења и истражувања.
Додаваат дека се надеваат дека ваквите активности ќе прераснат во традиција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31