Охрид, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Македонски стари слики / фотографии е објавена ретка фотографија од аеродромот во Охрид од 70-тите години од минатиот век.
За жал не е наведена годината кога е направена и го прикажува пристигнувањето на патници со авион на ЈАТ на охридскиот аеродром.
Првиот промотивен лет во комерцијалниот сообраќај на аеродромот во Охрид беше на 5-ти јули 1953 година и трае до почетокот на 1968 година, кога се започнати активности околу модернизирање и реконструкција на аеродромот.
Прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Македонски стари слики / фотографии
Прочитано: 32