Охрид, 15. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На својот профил на Facebook, пештанецот Томислав Бакулески објави прекрасна фотографија од едно друго време, многу години наназад.
На истаата се гледаат подготовките за легендарниот Пештански влак, која според него датира од далечната 1955 година.
– На фотографијата е и мојот татко, Боре Бакулески, вели за OhridPress Бакулески, кој до нашата редакција испрати уште една фотографија, направена на сретсело, кај сегашно „К’ј Местоно“, од после фрлањето на влаковите.
Во секој случај, прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Tomislav Bakuleski
Прочитано: 34