Охрид, 2. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид, слики од минатото објавена е ретка фотографија од Охрид за која е наведено дека датира од далечната 1988 година.
– Летно освежување во овие топли зимски денови. Плажата со тобоганот пред хотелот „Метропол“, 1988 година, напиша во описот на фотографијата членот на групата Gjoko Zoroski.
Прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид, слики од минатото
Прочитано: 85