Охрид, 2. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Летото помина и Охрид повторно празен. Толку е празен што по улиците почнаа да шетаат лисици.
Вака ни порача еден читател на OhridPress кој ни испрати фотографии од лисица снимена ноќеска кај Автобуската станица во Охрид.
Станува збор за локација во чија непосредна близина има многу жители, а на само неколку стотини метри е и училиштето „Христо Узунов“ поради што апелираме до одговорните да ги преземат соодветните мерки. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 28