Охрид, 31. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти август 2024 година, во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 34-годипно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од Центарот за социјални работи Охрид дека вознемирувал и следел две малолетнички од Охрид, ќерки на неговата партнерка.
– Како што пријавиле малолетничките во Центарот за социјални работи, тој со уцена принудил една од нив да го бакне, а настанот го снимал со мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 33