Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Наташа Совраноски, 25-годишна жена по потекло од Македонија, која живеела во Штутграрт, Германија, е исчезната од втори септември. Младата жена живеела заедно со партнерот и нивната едногодишна ќерка, која ја оставила со таткото и заминала во непознат правец.
Веста за нејзиното исчезнување најпрвин ја сподели нејзиниот партнер на социјалните мрежи посветени на дијспората. Инаку, тој е Германец, и за „Фокус“ минатата недела раскажа дека му е потребна помош во пронаоѓањето на Наташа.
Таткото на Наташа пак, Милчо Совраноски, кој живее во Охрид, за истиот извор тогаш изјави дека смета како целата работа со објавата на апелот е избрзана. Според него, таа најверојатно заминала по своја волја, бидејќи имала проблеми со партнерот.
Како што раскажа таткото, Наташа била вработена како обезбедување, била зрела личност, и според него, самата заминала некаде без да каже, со намера да се среди, па потоа да си ја земе и ќерката.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: Вики Клинчарова/Фокус фото: архива