Охрид, 16. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот „ Босфор квартет“, во кој прва виолина е охриѓанката Севил Селман, на 5-ти април, по повод Велигденските празници, имаше брилијантен концерт во катедралната црква „ Св. Антониј Падовански“ на плоштадот Таксим во Истанбул.
На концертот, со наслов „ Воздишките на жиците “, беа изведени дела од Бах, Моцарт и Вивалди кои предизвикаа бурни позитивни реакции кај бројната публика.
Првата виолина на „ Босфор квартет“, охриѓанката Севил Селман е студент на четврта година на престижниот конзерваториум „ Мимар Синан“ во Истанбул во Турција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: општина Охрид
Прочитано: 24