февруари 13, 2015

Лос Анџелес, 13. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Познатата хиливудска актерка Памела Андерсон по трет пат поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Рик Саломон.Памела Андерсон се омажи за филмскиот продуцент Рик Саломон во 2007 година, но нивниот брак траеше само два месеци по што и официјално се разведоа. Во јануари 2014 година, Памела и Рик повторно застанаа „на лудиот камен“ во авантура која тогаш трашеше четири месеци подолго од првата, односно „полни“ шест месеци.– Во вторникот Памела се раздели од Саломон, а веќе во средата до судот поднесе барање за развод, вели извор близок до двајцата, објаснувајќи го неславниот крај на третиот обид на Памела и Рик да бидат заедно.Кариерата на моделот Памела Андерсон започна кон крајот на 80-тите години на минатиот век со снимање на рекламни спотови. Во 1989 година таа се појави на насловната страница на Playboy. Како актерка е најпозната по нејзината улога во популарната телевизиска серија „Спасувачи на плажа“. Памела е мајка на две деца од бракот со музичарот Томи Ли, со кого се разведе во 2000 година. Во 2006 година се омажи за музичарот Кид Рок, но бракот траеше „само“ три месеци. (Крај)извор: Stars фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука