јули 23, 2017

Охрид/Скопје, 23. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ниту една од политичките партии засега не ја споменува можноста од повторно одлагање на локалните избори. Напротив, сите се за октомвриски локални избори и сите се надеваат дека токму нивните кандидати за градоначалници ќе ја добијат довербата од граѓаните.

Засега ниту една од партиите не излезе со нивните кандидати за градоначалници. Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека за да се запазат роковите, за да се гласа на 15-ti октомври, локалните избори треба да бидат распишани најдоцна до 6-ти август.

Од СДСМ велат дека на локалните избори нивната коалиција уште поубедливо ќе ја потврди победата на последните парламентарни избори.

И опозицијата, на чело со ВМРО-ДПМНЕ не помислува на ништо друго освен на победа на локалните избори. Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, образложувајќи ги своите мотиви зошто не сака да бега од земјава по обвиненијата од СЈО, тој рече дека се подготвува за победа на локалните избори и за враќање на власт.

На локално ниво, со закажувањето на локалните избори за 15-ти октомври, се` погласни се и кандидатите кои би сакале да се видат, удобно седнати во првата фотелја на улица „Димитар Влахов“ бр. 57, односно кои би сакале да бидат новиот охридски „градски татко“. Партиски и непартиски, бизнис групации и поединци, хотелиери, професори, полицајци, знајни и незнајни ликови во охридската јавност. Во овие рамки се движи фото-роботот на новиот градоначалник на Охрид.

Повеќе ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука