ноември 21, 2023

Ватикан/Охрид, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Светско, а наше. Охриѓанецот Петар Маркоски го освојува светот. Со својата виолина настапи во Ватикан пред папата Франциск.

Пред Папата за „World Day Of The Poor“ ги изведе Hallelujah и Ave Maria. Настанот се оддржа на 19-ти ноември во „Paul VI Audience Hall“ Ватикан, каде беше организиран ручек и музички дел од повеќе артисти.

– Ја имав честа да бидам најавен како единствениот македонски музичар кој настапил пред Папата Францис, најава која беше дадена на самиот настан и секако на сите италијански телевизии меѓу кои и најпознатата Rai 1, истакна Маркоски. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: Охрид 1

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука