Охрид, 24. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Принципот на отвореност и транспарентност се главните темели на кои се заснова функционирањето на една општина и се клучен фактор за одговорно управување, легитимно и ефикасно работење, порача во обраќањето по повод две години од мандатот градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
– Иако оваа локална власт покажа висок степен на отчетност пред граѓаните и секојдневно споделува информации за сите активности, во интерес на јавноста, сметавме дека потребно да направиме еден краток двегодишен осврт на реализираните проекти со кои ги подобривме условите за живеење во нашиот Охрид, вели Пецаков.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 75