април 27, 2017

Скопје, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во период од јуни до септември 2017 година, Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ќе поддржат новинари од регионот преку организирање тренинг за известување во кризни ситуации и продукција на истражувачки приказни.

Во рамки на програмата ќе биде доделена поединечна финансиска поддршка за продукција на приказни на теми поврзани со кризни ситуации.

Поединечна поддршка се доделува за продукција на приказна чија цел е да ги разобличи дезинформациите во одредена кризна ситуација и да ги прекине таквите трендови, поттикнувајќи ја потребата за веродостојно и ангажирано новинарство во едно демократско опкружување. Во фокусот на програмата се неистражените или недоволно истражените теми. Преку програмата е планирано да се поддржи продукција на вкупно 18 приказни (18 новинари од шест земји).

Заинтересираните новинари може да се пријават најдоцна до 8 мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука