Охрид, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Повторно е збогатен книжниот фонд во текот на овој месец во библиотеката „Григор Прличев“.
Љубителите на пишаниот збор може да изнајмат некој од следниве наслови: „Почетно подучување“, „Ослободување на имагинацијата“ од Максин Грин, „Прирачник за исхрана на растенијата и за плодност на почвата“ од Ј. Бентон Џонс Јуниор, „Наставата и комуникацијата“, „Уметностите и создавањето на мислата“ од Елиот В. Ајснер, „Технолошки аспекти на млекото и на млечните производи“, „Компликации кај забните импланти“, „Образовна психологија“ од Елизабет А. Џордан, „Размислување на децата“ од Роберт С. Сиглер, „Детето, семејството и општеството“ од Џанет Гонзалес Мена, „Биотехнологија на животната средина“ и „Дизајн на киРНК“, информираат од охридската библиотека. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива