Охрид, 17. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Две возила се судрија попладнево, нешто по 15:45 часот на регионалниот патен правец Р1208, односно стариот пат Охрид-Струга, каде по последните измени е пренасочен сообрачајот на потегот од Подмоље до Охрид.
Во незгодата учествуваа две патнички возила марка „Мерцедес“ и „Опел“, а според првичните информации причинета е поголема материјална штета.
Во моментов сообраќајот се одвива отежнато, а на терен излегоа екипи на СВР Охрид.
Ова е трета сообраќајна незгода на овој потег во само 24 часа. Вчера, по директен судир на две возила попладнево, на влезот од Струга, едно возило заврши во водите на Охридското Езеро, а друго го блокираше патниот правец.
Претходно, тешка сообраќајна незгода се случи вчера, нешто по 14:00 часот на стариот пат Охрид-Струга. Според првичните информации, во незгодата учествувале автобус марка МАН со скопски регистерски ознаки и патнички автомобил марка „Опел“ од Охрид. Во незгодата е причинета поголема материјална штета, а две лица се повредени.
Од неодамна, поради реконструкција на патниот правец Подмоље-Охрид, сообраќајот се одвива по стариот пат Охрид-Струга, што предизвика големи реакции во јавноста, пред се’ поради безбедноста на овој патен правец. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес