јануари 5, 2018

Охрид, 5. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со поетско читање ќе бидат одбележани 117 години од раѓањето на холандскиот писател и голем пријател на Македонија А. ден Долард.

Настанот ќе се одржи на 7-ми февруари во КИЦ „Култура 365“ со почеток во 13:00 часот.

Сите заинтересирани поети кои сакаат да се претстават со свои дела, можат да испратат три кратки песни по свој избор на адреса: [email protected]

makedoncidolardna holandski

А. ден Долард беше најголемиот промотор на Македонија во Кралството Холандија. Во периодот помеѓу 1931 и 1994 година тој објави бројни книги и новинарски статии коишто беа инспирирани од неговите чести престојувања во Македонија. Посебно изразена беше неговата љубов кон Охрид каде што денес постојат споменик и спомен-собата во рамките на КИЦ „Култура 365“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука