април 16, 2018

Охрид, 16. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 19-ти април, со почеток во 20:00 часот, во кафе и бар „Shilla“ ќе се оддржи поетско читање на авторска поезија од аматери-вљубеници во пишанот збор.

– „Имам нешто да ти кажам“ е прво поетско читање на авторски песни од ваков тип во Охрид. Простор и можност за секој да се пријави со своја поезија и да ја изрази својата уметничка мисла. Како прво од овој тип во нашиот град, нема да биде од натпреварувачки карактер. Зависно од заинтересираноста на учесниците и љубителите, отворен е патот како би можело да се развие понатаму. Се гледаме во четврток во „Shilla“, вели организаторот на овој настан Јован Цветкоски, постдипломец на Филмската академија во Охрид и член на НАТГ „Аматер“.

Овој настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во концептуалниот кафе-бар „Shilla“ од каде ги охрабруваат креативците од сите сфери да ги контактираат во врска со промоција на нивниот труд.

– Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма, велат од „Shilla“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука