Охрид, 24. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Автор на поемата „Клучевите“, добитник на престижната награда „Григор Прличев“ е доц. д-р Гордана Стојаноска.
Стојаноска е родена во Битола. Дипломирала на насоката за наставник за одделенска настава на Педагошки факултет – Битола, на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола. Магистрирала на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во 2008 година. Докторирала на истата институција во 2012 година. Работи како доцент на Педагошки факултет – Битола, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на група социолошки предмети.
Добитник е на светската награда Nosside XXVIIth World Poetry Prize 2011, Калабрија, Италија,на наградата „Владимир Костов“ за краток расказ 2014 (Универзитет „Св.Климент Охридски).
Поемата „Клучевите“ е напишана во август 2012 година. Брои 1578 стихови преку кои потрагата по оние цврсти, стамени и безвременски вредности се материјализира во дијалог помеѓу авторот и светлиот водач и заштитник кој го персонифицира единството на внатрешното битие и доблесните луѓе кои оставиле трага во историјата на човештвото и
личниот живот на авторката. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива