Струга, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти септември 2024 година, во 19:00 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишиле од слобода 31-годишно лице од Битола, кај кое била пронајдена и одземена марихуана.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 115