Струга, 25. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 57-годишна жена од струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
– При претрес извршен по судска наредба на 28-ми декември 2023 година, во нејзиниот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 4.100 пиротехнички средства, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 10