февруари 9, 2015

Скопје, 9. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, во 14.30 часот, во седиштето на СДСМ, ќе се одржи прес конференција на којашто ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев, информираат од партијата.

Македонската јавност очекува од лидерот на најголемата опозициска партија да започне со објавување на контраверзните документи, односно долго најавуваната „Бомба“. Според Заев станува збор за докази за криминалите сторени од страна на највисоки функционери на ВМРО-ДПМНЕ. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука