април 21, 2018

Охрид, 21. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Театар Комедија од Скопје вечева гостува во Охрид со претставата „Жена ми се вика Борис“, во режија на Синиша Евтимов, по текст на Рафи Шарт.

Во претставата играат: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мирјана Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов и Ева Скендеровска. Сценографијата е на Орхан Ќамилов, а костимите се дело на Александар Ношпал.

Комедијата „Жена ми се вика Борис“, со оригинален назив „Жена ми се вика Морис“ доживува и филмска верзија и тоа со забележителен успех. Инаку овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија се проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото кои се се вонвременски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука