април 12, 2018

Охрид, 12. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Театар Комедија од Скопје следната сабота, 21-ви април доаѓа во Охрид каде ќе настапи со претставата „Жена ми се вика Борис“, во режија на Синиша Евтимов, по текст на Рафи Шарт.

Во претставата играат: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мирјана Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов и Ева Скендеровска. Сценографијата е на Орхан Ќамилов, а костимите се дело на Александар Ношпал.

Билетите по цена од 150 денари од утре ќе се продаваат на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“, секој ден во терминот од 10:00 до 20:00 часот.

Комедијата „Жена ми се вика Борис“, со оригинален назив „Жена ми се вика Морис“ доживува и филмска верзија и тоа со забележителен успех. Инаку овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија се проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото кои се се вонвременски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука