Струга, 28. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, синоќа се одигра првата професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик „Улаф сте?/Are you crazy?“
– Благодарност до актерите и за целата екипа. Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица без цензура ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива заедница. Продукцијата на претставата е на АТО, порачаа од Центарот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Претставата ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми. Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива заедница. Во п ретставата играат: Наталија Ристеска, Кристијан Танчевски, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска и Никола Пројчевски.
Автор и режија е Јован Ристовски, костимограф Марта Дојчиновска, а толкувач на знаковен јазик е Катерина Шаркоска асс. Елизабета Георгиева. Соработник за знаковен јазик Мартин Ангелов. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива