октомври 17, 2017

Охрид, 17. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 20-ти октомври на репертоарот на Народниот театар од Охрид љубителите на театарската уметност ќе може да ја погледнат претставата „Писма од Земјата”, работена според раскази на Марк Твен, со Никола Тодороски.

Адаптацијата и режијата е на Никола Тодороски, костимот на Ромина Стефанова Рашиди, а музиката на Аманда Џејн.

Претставата е камерна и заради малиот број на публика, само 35 места, билетите можат да се добијат само со резервација на телефонскиот број 075 283 – 066, во периодот од 11:00 до 15:00 часот. Цената на влезниот билет е 200 ден. Почетокот на претставата е во 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука