октомври 28, 2017

Охрид, 28. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Мега популарната претстава „Стјуардеси“ на Театар Комедија ќе гостува во Охрид.

Претставата ќе се одигра на 4-ти ноември од 20:00 часот во охридскиот центар за култура и тоа ќе биде нејзина 101-ва изведба.

„Стјуардеси“ е работена по делото „Боинг боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, а настапуваат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска и Тања Мицков.

Се работи за една класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка и ја има формулата за совршен, полигамен живот. Оваа формула се обидува да му ја претстави на својот најдобар пријател Роберт.

Формулата за совшрен живот е да се има три стјуардеси од три различни компании, кои патуваат секој ден во Скопје и за секој ден има по една различна девојка вереница. Но, равенката многу брзо се распаѓа и сите непријатни ситуации се случуваат во еден стан, еден вереник, три вереници и неговиот најдобар пријател и Берта домашната помошничка која се труди да одржи се во најдобар ред.

Влезниците по цена од 150 денари ќе бидат пуштени во продажба од вторник,31-ви октомври. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука