Велешта, 28. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми август 2024 година, во 17:40 часот на локалниот пат од селото Велешта кон Октиси, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга, лишиле од слобода 38-годишно лице од Велешта, поради тоа што во атарот на селото предизвикал пожар.
– Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 45