Охрид, 2. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1. септември 2024 година, околу 01:30 часот на крстосницата од улицата „Распаќе“ со булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 45-годишно лице од Охрид затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 19