јули 7, 2023

Струга, 7. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против 23-годишниот Е.М. од струшкото село Радолишта, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „тешки дела против здравјето на луѓето“.

– На 5-ти април 2023 година пријавениот, за да се стекне со противправна имотна корист, на Д.В. од село Велешта, струшко, му продал кокаин, кој откако го употребил му се слошило и бил пренесен во Општата болница во Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука