News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
септември 10, 2024

Струга, 10. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

– На 6-ти август 2024 година, на магистрален пат А-2 во Струга, при сообраќајна контрола, пријавениот агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука