август 17, 2024

Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Бројни екипи на пожарникари, вработени во НП „Галичица“, ДСЗ, ЦУК, ПСС и волонтери, од рано утрово ја продолжија борбата за спас на планината Галичица.

Координирани од одговорните лица, тие гасат од земја, додека утрово веќе се интервенира и од воздух со хеликоптер.

На терен е присутна и соодветна механизација која ќе помогне во креирањето на појаси за да се спречи ширењето на пожарите.

Последната информација од ТППЕ Охрид вели дека, заедно со Доброволното противпожарно друштво „Повардарец“ од Неготино и Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ Охрид и Дебрца, како и со останати волонтери со логистичка поддршка од погранична полиција, вработени во НП „Галичица“, водат тешка секојдневна битка со пожарот на западниот дел од Охридската страна, над месноста „Војтино“.

May be an image of 15 people

– На располагање се ставени сите можни капацитети, со оглед на тоа што единицата функционира и со секојдневни пожари и технички интервенции во урбана средина. Од голема помош во оваа ситуација се горенаведените доброволни друштва и останати волонтери. Гори нискостеблеста густа вегетација и букова шума на повеќе локации, а при тоа на одредени жаришта нема пристап за нашите екипи што дополнително ја отежнува работата. Поголемите пристапни жаришта се ставаат под контрола, информираа од ТППЕ Охрид.

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука