Охрид, 6. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро расте во континуитет веќе една недела.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,23 м.н.в, што е за 9 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,32 м.н.в), односно веќе 13 сантиметри над дозволениот минимум. Температурата на езерската вода, измерена утрово е 10 степени, што е за 0,8 степени повисока од просекот за овој период од годината.
Кон крајот на ноември нивото на водата три дена беше на минимално дозволенат акота, но благодарение на врнежите од доджд и снег што ги имаме периодов се подбри хидролошката состојба, па така за десет дена нивото е покачено за 13 сантиметри.
Во Охрид денес облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.
Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.
– Под влијание на влажен бран денес и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, а денес на повеќе места ќе наврнат над 20 л/м² воден талог. Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите утре ќе преминат во снег и на повисоките места, а до крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, главно во северните и источните делови. Во среда и четврток претпладне ќе има стабилизација со разведрување и ниски утрински температури, а потоа повторно следува период на променливо време со повремен дожд, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР