Охрид, 11. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – И понатаму продолжува да расте нивото на водата во Охридското Езеро, во споредба со вчера е покачено за еден сантиметар.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,37 м.н.в, што е за 12 сантриметри под просекот за февруари (693,49 м.н.в), односно 27 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е во рамки на месечниот просек и изнесува 6,5 степени.
Водостојот порасна за четири сантиметри во однос на изминатите неколку дена.
Во Охрид денес сончево и релативно топло време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 11. степени.
– Следува период на променливо облачно и малку посвежо време со локален слаб дожд, а на планините слаб снег. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР