ноември 10, 2021

Охрид, 10. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Веќе подолг период наназад регистрирана е појава на крадење на цвеќе и украсни растенија од јавните површини во Охрид.

Од Гарден Центар & Расадник – Розенталис, преку нивниот официјален профил на Facebook информираат за најновата ваква појава, регистрирана на кружниот тек кај Гимназијата.

– За жал лесно го украдоаа вчера… Го кренаа и магла дома. Ние пак уште полесно утрово ја враќаме камерата и ќе ја предадеме во полиција… Имате 24 часа да го оставите било каде на јавна површина. Крадењето Ви беше селективно, а смеењето со јавно објавени имиња ќе биде колективно, порачуваат од Розенталис.

Вакавата појава, за жал е се’ почеста во Охрид. На удар се често цветните површини во центарот на градот, но и оние на пешачката патека. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Гарден Центар & Расадник – Розенталис

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука