Охрид, 2. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во охридската библиотека ќе биде промовирана најновата книга на Славе Ѓорѓо Димоски.
Станува збор за книгата за деца со брзозборки „Збороигри 2”. Промоцијата ќе се одржи утре, 3-ти април со почеток во 11:00 часот.
За книгата ќе зборува Мите Стефоски, а стиховите ќе ги интерпретираат Маја Мојсова и Марина Димоска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33