ноември 28, 2017

Охрид, 28. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, во Охрид и Струга ќе се одржи промоција на првата книга за говорот на телото на македонски јазик од проф. д-р Зендел Абедин Шехи.

Охридската промоција ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 12:00 часот, додека струшката е во петок во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток во 18:00 часот.

Книгата „Говорот на телото“ претставува навигациски водич за невербална комуникација. Во книгата се зборува за историјата на невербалната комуникација, нејзината природа, еволуција на говорот на телото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука